На почеток


FAQ

1. Каква документација е потребна за реализација на нов приклучок и каква е процедурата?

2. Како се врши одвојување на броило? Дали процедурата е иста како процедурата за нов приклучок?

3. Што претставува стандарден, а што нестандарден приклучок?

4. Што се подразбира под електроенергетска согласност?

5. Колкава е цената за нов приклучок? Дали таа е фиксна?

6. Што е потребно за интервенција на закочено броило/вклопник?

7. Што е потребно за повторно приклучување на дистрибутивната мрежа поради неплатен долг?

10. Имам двапати платено иста сметка, што треба да направам?

11. Сменето ми е броилото, зошто не ми свети светилката за скапа/евтина тарифа?

12. Дали сите броила, вклучувајќи ги и оние од викендичките, подлежат на комунална такса?

13. На мојата улица нема/не работи уличното осветлување, зошто да ја плаќам сметката?

14. Дали и во кои случаи можам да побарам атест на броило и дали се плаќа услугата?

15. Што сè може да се види при отчитувањето на новите броила?

16. Која е постапката за дислоцирање водови/трафостаници што поминуваат низ мојот имот, а се поставени без мое барање?

17. Имам слаб напон, каде да се обратам?

18. По прекин на електричната енергија ми изгореа повеќе апарати од домаќинството. Каква е процедурата, дали сам да ги сервисирам или EVN треба да ги сервисира?

19. Каде да се обратам за честите прекини на електрична енергија?

20. Имам застарен доводен кабел што повремено прави проблеми. Кој е должен за негова замена?

21. Каква е процедурата за пријавување искривена бандера за која постои опасност да падне?

22. Што се подразбира под ангажирана моќност, зошто се плаќа и дали пресметаната цена во сметката мора да ја плаќам?

23. Сакам дупликат сметка. Каде можам да ја добијам?

24. Зошто ми стигна повисока сметка откако ми го сменивте броилото?

25. Имам викендичка во Преспа, дали може сметките да ги плаќам два пати годишно?

1. Каква документација е потребна за реализација на нов приклучок и каква е процедурата?

Постапката за нов приклучок е следна: Потрошувачот треба да поднесе официјално барање со образец БСП-1. Во прилог на барањето, треба да понесе доказ за сопственост на местото каде што бара приклучок (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор, договор за здружување средства и сл.), скица на парцела или извод од катастарски план и лична карта на увид, еднополна шема за инсталацијата заверена од официјално лице. Исто така, треба да достави доказ за платени сметки за електрична енергија на барателот каде што живее. За правните лица е потребен и извод од трговски регистар. После поднесеното барање, надлежниот КЕЦ контактира со потрошувачот, со цел заедно да го посетат местото каде што треба да се реализира приклучокот. После извршениот увид на мерното место, референтот му нуди неколку технички решенија. По договореното исправно техничко решение, се изготвува енергетска согласност и се започнува со изведба на приклучокот. Во согласност со Законот, САМО EVN МАКЕДОНИЈА ИМА ПРАВО ДА ГРАДИ НОВ ПРИКЛУЧОК.

TOP

2. Како се врши одвојување на броило? Дали процедурата е иста како процедурата за нов приклучок?

Пред да почне постапката за одвојување на броило, потрошувачот мора да ги подмири долговите кон старото броило.
Процедурата за одвојување на броило е иста како и процедурата за нов приклучок. Доколку потрошувачот уредно ги подмирувал сметките за потрошена електрична енергија кон EVN Македонија и не се забележани никакви неправилности кај потрошувачот, може да се пристапи кон монтирање ново броило. Броилото може да биде поставено на веќе поставено сандаче, веднаш до постоечкото броило.


TOP

3. Што претставува стандарден, а што нестандарден приклучок?

Стандарден приклучок претставува приклучокот чијашто максимална едновремена моќност што ја повлекува од мрежата, не е поголема од 43,5кW. Од аспект на електроенергетиката, тоа е мрежа што не е подалеку од 30m од нисконапонска напојна точка (во места со ДУП растојанието се покрива со непланирани проекти).
Нестандарден приклучок е оној што се наоѓа на далечини поголеми од 30м од напојната точка или бараната едновремена моќност е над 40кW.

TOP

4. Што се подразбира под електроенергетска согласност?

Електроенергетска согласност е официјален документ со кој на потрошувачот кој бара приклучок на мрежата на EVN Македонија му се објаснуваат условите за приклучок (нашите обврски како EVN Македонија, обврските на потрошувачот). Поставените услови мора да бидат реализирани и од обете страни. Секој потрошувач кој нема таков документ за приклучокот, се смета за нелегален и тој како корисник не е предвиден во постоечкиот капацитет од каде што се снабдува. Со тоа, тој го нарушува снабдувањето на околните корисници на ЕЕ кои се снабдуваат од иста напојна точка.

TOP

5. Колкава е цената за нов приклучок? Дали таа е фиксна?

За стандардни приклучоци цената зависи од видот на приклучокот, дали станува збор за кабелски или надземен приклучок, дали се зема за напојна точка кабелски или надземен вод, а не зависи од должината (дали ќе биде 5 или 30м). EVN Македонија има ценовник за сите видови материјал и градежни, монтерски и земјени работи, употреба на машини и слично. Значи, цената не е фиксна и многу зависи од видот на приклучокот – претставува реален трошок за реализација на приклучокот, со што таму каде што има повеќе капацитет и за други потрошувачи, во трошоците учествува и EVN Македонија.

TOP

6. Што е потребно за интервенција на закочено броило/вклопник?

Постапката за интервенција на закочено броило е следнава: потребно е да се поднесе барање за промена на броилото во КЕЦ-от и тоа не се плаќа. Додека, пак, при поправка на расипан вклопник, ако потрошувачот не бара промена на броилото, потрошувачот сам го купува и монтира нов, или ако сака монтажа од страна на EVN Македонија, се плаќа демонтажа на стариот (350 ден.), монтажа на новиот (1.100 ден.) и транспорт (350 ден.) + 18% ДДВ на вкупната сума.
Ваквите случаи, без исклучок, ги решаваме со монтажа на ново EVN броило кое веќе има вградено вклопен часовник. На тој начин потрошувачот ги избегнува трошоците за поправка на вклопен часовник при старото броило.

TOP

7. Што е потребно за повторно приклучување на дистрибутивната мрежа поради неплатен долг?

Претходно потрошувачот треба да си го подмири целиот долг за неплатени сметки, при што рати не се дозволени (освен во случај ако има јавна кампања за плаќање на рати). Во КЕЦ-от се издава фактура за повторен приклучок којашто мора да се плати пред повторното приклучување.

TOP

10. Имам двапати платено иста сметка, што треба да направам?

Во ваков случај, потребно е да се обратите во кој било наплатен пункт. Не се прави корекција на наплатата, туку потрошувачот треба да ги достави двете платени сметки. Потоа постојат две можности: или се враќаат парите за едната сметка, или остануваат во претплатата за следниот период. За посериозен проблем да се обратите во КЕЦ.

TOP

11. Сменето ми е броилото, зошто не ми свети светилката за скапа/евтина тарифа?

Сите нови броила поставени од EVN Македонија имаат вграден вклопен часовник и нема техничка можност за светилка која покажува скапа/евтина тарифа. Значи, за сите нови броила поставени од EVN Македонија, терминот за евтина електрична енергија е следниот: секој работен ден од 13:00 до 16:00 и од 22:00 до 07:00. За сабота важи исто како и за секој работен ден, односно од 13:00 до 16:00, и од 22:00 сабота има евтина струја до 07:00 понеделник. Значи, во недела има евтина тарифа во текот на целиот ден.

TOP

12. Дали сите броила, вклучувајќи ги и оние од викендичките, подлежат на комунална такса?

Сите активни броила подлежат на комунална такса. Одделен реон или населено место може да биде изземено од плаќање комунална такса само во случај ако постои одлука на советот на соодветната општина за неплаќање и истата да биде доставена до EVN Македонија.

TOP

13. На мојата улица нема/не работи уличното осветлување, зошто да ја плаќам сметката?

Уличното осветлување е во надлежност на општините, а со тоа и одговорноста зошто нема улично осветлување. Според Законот на РМ, секое активно броило е подложено да ја плаќа таа такса за улично осветлување. За сите проблеми со уличното осветлување, потрошувачот или група потрошувачи треба да се обратат во соодветната општина. Парите што граѓаните ги уплатуваат преку сметката за електрична енергија на име комунална такса не се за EVN, туку на месечно ниво се префрлаат во соодветната општина.

TOP

14. Дали и во кои случаи можам да побарам атест на броило и дали се плаќа услугата?

Секој што ќе се посомнева во неисправноста на броилото, може да побара атест. Доколку се покаже дека броилото е исправно, услугата ја плаќа потрошувачот, во спротивно - атестот не се наплатува.

TOP

15. Што сè може да се види при отчитувањето на новите броила?

Време, датум, вкупно потрошени киловат-часови, киловати потрошени на прва тарифа, киловати потрошени на втора тарифа.

TOP

16. Која е постапката за дислоцирање водови/трафостаници што поминуваат низ мојот имот, а се поставени без мое барање?

Се поднесува барање до EVN Македонија, до КЕЦ на чија мрежа е поврзан потрошувачот. Екипа на EVN излегува на терен и прави предлог техничко решение, го презентира на барателот, се прави пресметка на трошоците и доколку е изводливо техничкото решение, се поднесува барање до надлежниот орган за дозвола за градба. Интерно, предметот се доставува до мрежен инженеринг, потоа во одделот за продажба. По уплатата од страна на барателот се пристапува кон дислокација. Ова е постапка доколку објектот е од постар датум - постар од 10 години.

TOP

17. Имам слаб напон, каде да се обратам?

Треба да се поднесе барање до соодветниот КЕЦ и се известува барателот дека ќе се направи увид - мерење кај него и во негово присуство. Ќе следи објаснување за евентуално решение или наведување на причините доколку засега нема решение.

TOP

18. По прекин на електричната енергија ми изгореа повеќе апарати од домаќинството. Каква е процедурата, дали сам да ги сервисирам или EVN треба да ги сервисира?

Се поднесува барање до соодветниот КЕЦ, на кое барателот ќе добие писмен одговор по увидот направен од Комисија. Доколку штетата е предизвикана поради прекин на нулти-проводник на мрежата, или поради грешка направена од наши работници при извршување зафати во мрежата, се врши увид и потрошувачот се упатува кој сервис ќе му ги сервисира апаратите на наш трошок. Доколку барањето не е оправдано, писмено го известуваме барателот дека нема основ за надомест на штета.

TOP

19. Каде да се обратам за честите прекини на електрична енергија?

До надлежниот КЕЦ, да се види причината и дали е така како што тврди потрошувачот. Потоа се преземаат соодветни мерки за коишто потрошувачот ќе биде известен.

TOP

20. Имам застарен доводен кабел што повремено прави проблеми. Кој е должен за негова замена?

Замената на приклучен кабел е обврска на EVN Македонија, односно на соодветниот КЕЦ, но на товар на потрошувачот. Ова не важи за новите приклучоци изработени после донесување на мрежните правила, нивното одржување е на товар на EVN Македонија.

TOP

21. Каква е процедурата за пријавување искривена бандера за која постои опасност да падне?

Се пријавува во контакт-центарот на EVN како дефект, дежурната служба веднаш прави увид на самото место за да извршат проценка дали постои опасност и дали треба веднаш да се интервенира или може да се чека во прв погоден момент да се направи санацијата.

TOP

22. Што се подразбира под ангажирана моќност, зошто се плаќа и дали пресметаната цена во сметката мора да ја плаќам?

Aнгажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија е целосно во согласност со Законот, со Одлуката за цената за електрична енергија и во согласност со Тарифниот систем на Република Македонија.
Преку плаќањето на ангажираната моќност, потрошувачите плаќаат гаранција за расположив капацитет кој може да го користат во кое било време во согласност со капацитетот што им е одобрен. Тарифите во сметките за електрична енергија, вклучувајќи ја и ангажираната моќност, ги одредува Регулаторната комисија за енергетика со цел постигнување ефикасно користење на електричната енергија. Крајната цена на електричната енергија се состои од неколку компоненти, и тоа дневна, ноќна, активна, реактивна енергија и ангажирана моќност. Во согласност со постоечките прописи во Република Македонија, кај поголемите индустриски потрошувачи ангажираната моќност дополнително се мери и пресметува, додека кај домаќинствата таа е фиксирана на 33,33% од преземената електрична енергија. За пресметување 33,33% ангажирана моќност постапувал и Уставниот суд кој утврдил дека одредбата од Тарифниот систем на РМ е законска.

TOP

23. Сакам дупликат сметка. Каде можам да ја добијам?

Доколку потрошувачот не добил сметка или ја изгубил, должен е да се јави во Корисничките енерго-центри на EVN Македонија, од каде што ќе се даде налог за издавање нова сметка - дупликат.

TOP

24. Зошто ми стигна повисока сметка откако ми го сменивте броилото?

Новите броила се прецизни и можно е претходното броило да не ја покажувало реално потрошената електрична енергија. Исто така, зависи и од датумот на монтирање, односно најчесто во првата наредна сметка фактурирана е разликата од старото како и потрошената енергија од новото броило од датумот на монтирање до денот на отчитувањето.

TOP

25. Имам викендичка во Преспа, дали може сметките да ги плаќам два пати годишно?

Може. Потребно е да се обратите во соодветниот КЕЦ.

TOP